Македонија
„Бомба“ од Битола: Кузмановски стави потпис на договор со македонскиот шампион! (Фото)

Филип Кузмановски денеска спогодбено се раздели со Вецлар и стави крај на својата авантура во овој клуб, но воедно стави крај и на својата авантура во германската Бундеслига.
Македонскиот репрезентативец самостојно побарал да си замине од Вецлар и тоа го откри директорот на клубот, а неполни два часа по објавената вест од Германија, пристигна „бомба“ од Битола.
Фантастичниот бек се договори со Еурофарм Пелистер и ќе биде огромно засилување за актуелниот македонски шампион, кој со официјално соопштение и откри на јавноста дека Кузмановски ќе биде претставен на 20-ти ноември.
– Ни претставува особена чест и задоволство да ја информираме јавноста дека од денес нов член на Еурофарм Пелистер е македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Процесот на обединување на македонските репрезентативци и квалитетни странски засилувања продолжува и враќањето на нашиот поранешен член е одлука која оди во тој правец.
– 27-годишниот Кузмановски е дете на Пелистер, сите ракометни чекори ги направи во Битола и доби афирмација во нашиот дрес. Потоа се пресели во Металург, кратко играше во Еурофарм Работник, па се одлучи за интернационална кариера. Кузмановски избра германски предизвик и ја искуси Бундеслигата. Една сезона го носеше дресот на Магдебург, па три сезони настапуваше за Хановер, а од јануари годинава го носеше дресот на Вецлар.
– Филип Кузмановски наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб и неговото деби се очекува да биде во Суперлигата, а потоа и Лигата на шампионите. Официјалното претставување на Кузмановски како нов ракометар на Еурофарм Пелистер е закажано за понеделник 20 ноември, – гласи објавата на Пелистер.
-
Шпанијапред 20 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 15 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 17 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 14 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари