Англија
„Бомба“ на Рашфорд: Подготвен сум за нов предизвик во кариерата
Неколку часа по ексклузивата која ја доставија низа угледни англиски медиуми, со бомбастична изјава во јавноста се јави и самиот Маркус Рашфорд, кој отворено на фудбалскиот дописник Хенри Винтер му соопштил дека е подготвен за нова авантура во својата кариера.
Британските медиуми во текот на вчерашниот ден на големо ја пренесоа веста дека Маркус е еден од фудбалерите кои ќе бидат ставени на трансфер пазарот уште во јануари, а како надополнување на истата вест пристигна и ставот на напаѓачот кој беше елиминиран од Рубен Аморим за неделното дерби против Сити.
Маркус беше изоставен од составот и Аморим му порача дека во иднина ќе треба да се бори за своето место во тимот, предизвик кој очигледно англискиот репрезентативец не сака да го искуси во период кога е во клучна фаза во кариерата.
– Ако знам дека ситуацијата е лоша, јас нема да ја правам полоша. Сум гледал како други играчи си заминуваат во минатото и зборуваат за клубот, јас не сакам да бидам таква личност. Кога ќе си одам од Јунајтед, јас ќе бидам тој што ќе излезе со соопштение.
– Кога ќе си одам, нема да има „тешки чувства“. Нема да видите ниту еден негативен коментар од мене за Манчестер Јунајтед, јас едноставно не сум таа личност. Гледајќи лично за мене, мислам дека сум подготвен за нов предизвик и за нов чекор во кариерата, – потенцира Рашфорд.
-
Англија8 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија24 часа
Мамардашвили со катастрофална реакција ја остави Валенсија без победа во Севилја (ВИДЕО)
-
Шпанија15 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија10 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Италија15 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Англија13 часа
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите
-
НБА13 часа
Морант со две лудории во низа донесе драматична победа за Мемфис (Видео)