Поврзете се со нас

Атлетика

Болт шокиран од модернизацијата во атлетиката: Чудно и неправедно, со овие патики јас ќе истрчав под…

Објавено

на

Јусеин Болт и натаму е апсолутен светски рекордер на делниците од 100 и 200 метри, но пред стартот на Олимписките игри во Јапонија, не пропушти да ги коментира модерните иновации на познатите светски брендови при изработката на атлетските патики.

Легендарниот спринтер од Јамајка верува дека неговите рекорди можат да бидат загрозени поради модификациите кои ги дозволува Светската атлетска организација, а со кои на атлетичарите од новата генерација им се овозможуваат подобри услови кои им даваат и предност на тартанот.

Покрај тоа што сега се користат ултра лесни карбонски влакна при изработка на патиките, на Болт посебно не му се допаѓа тоа што се користат и лесни материјали при изработката на мини крампоните (шилците), нешто што во минатото не беше дозволено за модификација од страна на Светската атлетска федерација.

– Кога видов какви се патиките, не можев да поверувам. Модификацијата кај новите патики околу крампоните се сведуваат до ниво со кое актуелните спринтери имаат предност. Сега атлетичарите можат да трчаат побрзо. Ова е навистина чудно и неправедно за многу алтетичари од моето време и претходно. Произведувачите на патики не добиваа дозвола да прават модификација на шилците, а сега тоа е дозволено и изгледа навистина смешно, – вели Болт кој го држи рекордот на најкратката делница со време од 9.58 секунди.

– Со овие патики би истрчал под 9.50 со сигурност. Ќе биде вистинска лудост ако рекордите почнат да се уриваат поради специфични нови модели на крампони, – завршува Болт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни