Атлетика
Болт прогнозираше како би завршила трка меѓу него и Роналдо на тартанот и изненади со заклучокот

Јусеин Болт постави нестварни рекордни на делниците од 100 и 200 метри на кои тешко дека некој во поскоро време ќе им се доближи, или пак собори, но легендарниот Јамајканец како гостин во програмата на спортскиот викенд на „Марка“ привлече посебно внимание со една интересна изјава.
Болт направи виртуелно интервју за домаќините на спортскиот викенд во шпанската престолнина и е само една од многу спортски ѕвезди кои се приклучија во ова шоу, но сепак оваа вечер тој посебно дојде до израз поради споредбата која ја направи меѓу себе и Кристијано Роналдо.
Легендарниот Болт вели дека многу го почитува Португалецот поради сето она што го направи во фудбалот, но и поради фактот како се чува и негува на своја возраст.
Јусеин во своето обраќање отиде и чекор понапред, прогнозирајќи дека во овој момент би загубил од Кристијано ако ги одмерат силите на тартанот.
– Кристијано би победил со комплетна сигурност, бидејќи тој и натаму е активен. Напорно работи секој ден и за мене тој е супер-атлета. Секогаш е на највисоко ниво, работи многу напорно и максимално е концентриран на теренот. Мислам дека во овој момент е побрз од мене и ќе ја добие трката, – вели 34-годишниот Јамајканец.

- Англијапред 17 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 14 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 12 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 18 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 16 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 13 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 10 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 12 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…