Поврзете се со нас

Атлетика

Болт призна дека му пропаднал планот да и се врати на атлетиката

Објавено

на

Јусеин Болт останува најбрз човек на планетата и барем засега нема најава дека неговите рекорди можат да бидат соборени од помладите спринтери.

Јамајканската ѕвезда во последното интервју признал дека пред Олимпијадата почнал да размислува за камбек на тартанот.

– Сега е веќе предоцна, ако требаше да се случи такво нешто, тоа ќе беше за Олимпијадата.

– Кога му соопштив на мојот тренер дека ќе се пензионирам, тој ме седна на столче и ми рече: Размисли добро, ако се пензионираше, потоа нема враќање назад.

– Подоцна, во 2019 година го посетив и го прашав што мисли за евентуален камбек, а тој само ме погледна и ми порача: „воопшто не ни започнувај“. Така тој план остана нереализиран, бидејќи не би се вратил без поддршка од тренерот, – изјавил Болт.

Атлетската ѕвезда се повлече од спортот во 2017 година, а останува рекордер на трките на 100, 200 и 4×100 метри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни