Болт повторно со грешки: Не можеше да и одолее на Елис, а сега мора да смисли оправдание кај неговата љубов Бенет (Видео)

bolt Elis

Јусеин Болт изјави дека ќе се врати во Борусија Дортмунд затоа што од клубот добил продолжување на неговиот пробен период на дополнителни три недели. Најбрзиот човек на светот минатиот месец помина два успешни дена на проба со првиот тим на „милиониерите“.

Болт претходно помина одреден пробен период со клубот Мамелоди Сундаунс од Јужна Африка, а деновиве најави дека е сериозен во намерата да продолжи во иднина да се занимава со фудбал.

На професионален план работите му се местат како што тој посакува, но на љубовното поле изгледа самиот си прави сопки. Секси убавицата и танчерка Захра Елис која го виде на еден настан збесна од неговото присуство и почна да игра и меша со задникот заедно со него, но веднаш штом излезе видеото беше веднаш тргнато од интернет. Но, сепак не успеаа целосно да го тргнат од сите портали кои се занимаваат со животот на познатите фаци од спортскиот и од шоу бизнисот.

 

Дали овој пат неговата избраничка, 28-годишната Каси Бенет, која е со него од 2014 година, ќе му прости, останува да покаже времето. Инаку во претходниот период излегоа фотографии на кои многу јасно се гледа Болт како ја изневерува Бенет со анонимна 20-годишна студентка.

 

Facebook Коментари