Поврзете се со нас

Атлетика

Болт доби машки близнаци, па привлече огромно внимание со имињата на своите наследници (Фото)

Објавено

на

Јусеин Болт како историски рекордер на двете најкратки делници во атлетиката стави крај на професионалната кариера во 2017-та година, а во последно време се посвети на создавањето семејство и наследници кои би можеле во иднина да ги следат неговите стапки.

Болт првпат стана татко на ќерката Олимпија Лајтнинг (Олимпија Молња), но сега преку социјалните мрежи се пофали дека добил и двајца синови со партнерката Каси Бенет.

Најдобриот спринтер на сите времиња доби машки близнаци и веднаш ја сподели убавата вест во јавнсота, но сепак привлече посебно внимание со уникатното име на едно од бебињата.

Едното дете ќе се вика Светецот Лео, а второто дете ќе го носи името Тандер, што во слободен превод значи „гром“.

Легендарниот Јамајканец беше познат по прекарот „молња“ на атлетските патеки, па сега самиот се погрижи за интересна симболика кога се во прашање имињата на неговите наследници.

– Олимпија Лајтнинг (молња) Болт, Сент (светец) Лео Болт и Тандер (гром) Болт….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни