Италија
Болоња со уникатна кампања: Специјален подарок за секое новороденче во градот (Фото)

Новородените бебиња во Болоња нема да имаат голем избор кога е во прашање бирањето на својот омилен клуб во иднина, а причина за тоа е иницијативата која ја актуелизираше истоимениот клуб со помош на општината и локалната самоуправа на градот.
Фудбалскиот клуб Болоња денеска официјално го промовираше проектот кој стана вистински хит во Италија, иницијатива според која секое новородено машко и женско дете во градот ќе добие специјален подарок, односно официјален дрес од фудбалскиот клуб Болоња.
Овој проект предвидува сите новороденчиња да добиваат брендирана униформа уште при самото раѓање, па иако се актуелизира сега, кампањата ќе важи за сите оние дечиња кои се родени од 1-ви јануари 2025-та година.
– Оваа иницијатива ја демонстрира намерата на клубот да биде уште поблиску до своите навивачи на оваа територија, воспоставувајќи специјална љубовна врска со своите нови навивачи уште од првиот ден, – гласи изјавата на извршниот директор на Болоња, Клаудио Фенучи.
Болоња оваа сезона играше во Лигата на шампиони, а иако не е фуриозна како лани под водство на Тиаго Мота, тимот и натаму високо котира на табелата и е на местата кои водат во Европа.
𝐒𝐈𝐍 𝐃𝐀𝐋𝐋’𝐈𝐍𝐈𝐙𝐈𝐎 𝐅𝐎𝐑𝐙𝐀 𝐁𝐎𝐋𝐎𝐆𝐍𝐀
l’iniziativa è stata ideata da Bologna FC 1909 in collaborazione con il Comune di Bologna e con il prezioso supporto di Macron e delle aziende partner Saputo, Selenella e Lavoropiù.
Tutte le info 👉 https://t.co/aMp7oARAbn pic.twitter.com/LPsp3AvfgA
— Bologna FC 1909 (@Bolognafc1909) March 6, 2025
-
Македонија18 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија22 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија21 час
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Европски првенства20 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 119 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА24 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)
-
Италија10 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Свет14 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)