Поврзете се со нас

Италија

Болоња реди победи, тренерот Мота категоричен: Не размислуваме за ЛШ…

Објавено

на

foto:twitter.com/BolognaFC1909en

Болоња е најпријатното изненадување во елитниот италијански фудбал во оваа сезона, а најдобар доказ за тоа е што во моментов се наоѓа на четвртото место на табелата, позиција која води во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Екипата е во извонредна серија, има шест победи во низа со тоа што последнава беше забележана вечерва во Бергамо против Аталанта и тоа со пресврт во второто полувреме (2-1).

Меѓутоа сите овие резултати, добри партии не го креваат во облаци тренерот Тиаго Мота кој на прашањето дали се размислува за ЛШ, тој кратко одговори:

-Воопшто не размислувам за ЛШ. Фокусиран сум само на нашите настапи, на нашите тренинзи и на тоа да бидеме подготвени да се соочиме со секој натпревар најдобро што можеме, -порача Мота.

Следната средба за Болоња е против актуелниот лидер Интер.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни