Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Болоња оствари историска победа во ЛШ, Алварез му пресуди на Леверкузен (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/BolognaFC1909en

Болоња се избори за две реми исходи во својата дебитантска сезона во Лигата на шампионите, но вечерва ја дочека и својата прва историска победа во најелитното натпреварување.

Во натпревар на кој доста време изгледаше дека тимот на Италијано ќе го претрпи и петтиот пораз во Европа, Болоња повеќе од заслужено стигна до голем пресврт, и тоа во период од една минута.

Борусија Дортмунд долго водеше со голот од пенал на Гираси и се обидуваше преку контри да го реши мечот, но наместо тоа, Германците гледаа како нивниот голман двапати ја вади топката од својата мрежа.

Најпрво Далинга израмни на 1:1 во 71-та минута, а неполна минута подоцна, една мешаница во мрежата на гостите заврши со гол на Илинг.

Овој погодок донесе целосен пресврт и огромна радост на Сардинија, а бидејќи резултатот до крајот не се менуваше, навивачите и играчите дочекаа момент да се израдуваат на првата победа во Лигата на шампиони.

Од останатите натпревари вечерва, Ливерпул очекувано го победи Лил со 2:1, ПСВ како гостин ја победи Црвена Звезда со 2:3, додека Атлетико Мадрид славеше во дербито со Баер Леверкузен.

„Фармацевтите“ имаа голема предност со гол позитива и играч позитива по 45 минути игра, но „воините“ на Диего Симеоне не се откажаа и одговори на голот на Хинсапие.

Алварез израмни на 1:1 во 52-та минута, а потоа домаќините дочекаа исклучување на стрелецот на Леверкузен, па во ситуација 10 на 10 стигнаа и до пресврт со вториот погодок на Хулијан во 90-та минута.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни