Поврзете се со нас

Италија

Болоња навести позитивен случај, фановите стравуваат и за Михајловиќ

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Болоња денеска објави дека постои сомнеж дека еден член на придружниот кадар од првиот тим е позитивен на коронавирусот.

Покрај тоа што ситуацијата ги комплицира подготовките на екипата, информацијата предизвика загриженост и поради кревката ситуација во која се наоѓа Синиша Михајловиќ, тренерот на Болоња кој изминатиов период се лекуваше од леукемија.

– Последните тестови појавија сомнеж за позитивен тест на КОВИД-19 кај еден од вработените во рамките на првиот клуб, – објави Болоња очигледно очекувајќи потврда со втор направен тест.

Според медицинскиот протокол, при позитивен тест, екипата ќе може да продолжи да тренира, но во изолација, додека заразениот член ќе биде во самоизолација.

Изминатите 24 часа повторно е зголемен бројот на починати од КОВИД-19, откако во Италија се регистрирани 117 загубени човечки животи, а во последното деноноќие имало и зголемен број  позитивни тестови (584).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни