Поврзете се со нас

Италија

Болоња ја прекина победничката серија на Интер (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/Inter

Интер не успеа да ја победи Болоња на домашен терен (2:2) и останува три бода зад Наполи по актуелното коло во италијанското фудбалско првенство.

Гостите уште еднаш потврдија дека се незгоден противник за фаворитите за скудетото, па имаа водство уште на почетокот преку Кастро, а потоа не дозволија победа за Интер и покрај пресвртот на домаќините.

Кастро во 15. минута го отвори резултатот во Милано, но само неколку минути подоцна, Дамфрис со погодок го врати натпреварот на почеток.

Пред крајот на полувремето, Лаутаро Мартинез комплетираше целосен пресврт за Интер и ги израдува домашните фанови, па актуелниот шампион отиде на пауза со минимална предност.

Последниот збор во однос на реализацијата на средбата го имаше Холм во 64. минута, кога на асистенција на повратникот Орсолини го израмни резултатот на 2:2, а тоа беше и конечен епилог на дуелот.

Овој резултат најмногу оди во прилог на Наполи, кој сега има три бода повеќе, иако со натпревар повеќе од Интер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни