Италија
Болоња ја потврди веста за заминувањето на Мота, младиот стручњак пред промоција во Торино (Фото)
Тиаго Мота направи историски успех и цел град го славеше пласманот на Болоња во елитната Лига на шампиони, но ова попладне сите приврзаници на клубот се соочија со реалноста кога е во прашање творецот на фантастичните игри.
Мота денеска го информирал клубот дека нема да го продолжи договорот и дека експресно става крај на својата двегодишна авантура во Болоња, а оваа вест со официјална објава ја потврди и првиот човек на клубот.
Џои Сапуто пред неколку дена најави дека ќе даде се за го задржи Мота во Болоња барем уште една година, но сепак не можел да му ја држи затворената вратата на тренерот кој веќе ја има договорено својата следна дестинација.
Веднаш по објавеното соопштение на Болоња, угледните италијански медиуми ја пласираа информацијата за постигнат договор меѓу Мота и Јувентус, што автоматски значи дека Тиаго и дефинитивно ќе биде наследникот за Макс Алегри во Торино.
Мота ставил потпис на тригодишен договор со Јувентус според кој ќе заработува по пет милиои евра по сезона, а својот прв работен ден во клубот се очекува да го има на стартот на месец јули.
Official statement from the Club 📄
— Bologna FC 1909 (@BolognaFC1909en) May 23, 2024
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија24 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет21 час
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)