Поврзете се со нас

Италија

Болоња ја изненади Аталанта и обезбеди полуфинале во Купот

Објавено

на

Фото: https://x.com/BolognaFC1909en

Аталанта остана без можност да се бори за трофејот во Копа Италија и тоа поради поразот (0:1) на домашен терен од Болоња во вечерашното четвртфинале.

Фаворитот ја имаше предноста на домашен терен, но не успеа да ја искористи на најдобар начин, а секогаш незгодната Болоња го зададе клучниот удар во второто полувреме.

Резервистот Кастро погоди во 80. минута, односно само неколку минути по влегувањето во игра, а Аталанта до крајот не успеа ниту да израмни на дуелот на кој за тимот на Гасперини дебитираа и новите засилувања Малдини и Пош.

Болоња првпат во 21. век ќе игра во полуфиналето на националниот Куп, а ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Јувентус и Емполи. Во полуфиналето се играат два натпревара и тоа во април.

Програмата во Копа Италија продолжува утре со дуелот меѓу Милан и Рома.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни