Поврзете се со нас

Италија

Болоња ангажираше довчерашен играч на Јувентус

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Bolognafc1909

Раководството на Болоња се обидува да го засили тимот за сезоната во која клубот ќе биде дел и од Лигата на шампионите, а денеска e потврдено уште едно ново име.

Само неколку недели откако се пресели во редовите на Астон Вила, Семјуел Илинг Џуниор се врати во Италија, со што англискиот фудбалер ќе го промени само клубот, а не и првенството во кое настапуваше и претходната сезона.

Илинг Џуниор беше продаден од Јувентус во редовите на премиерлигашот, но менаџерот Унај Емери не е убеден дека тој може да конкурира за првиот тим, па го дозволи заемот во редовите на Болоња.

Неколку дена претходно, Болоња се договори со Милан за заем на Томасо Побега, а во овој случај тимот од Емилио-Ромања ќе има опција да го откупи договорот за сума од 12 милиони евра.

Болоња претходно ангажираше и играчи како Миранда, Холм, Далинга и уште неколку фудбалери со кои ќе треба да се издржат обврските на неколку фронта и да и биде надополнето заминувањето на играчи како Калафиори и Зиркзе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни