Болна вистина: Рио посочи зошто Алексис ќе го избере Сити пред Јунајтед!

rio-sako

Алексис Санчез е пред заминување од Арсенал и единствена загатка која се обидуваат да ја решат англиските таблоиди е тоа дали Чилеанецот ќе заврши во Манчестер Сити или во Манчестер Јунајтед, а последен кој се огласи за оваа битка меѓу лутите градски ривали е легендарниот стопер на „ѓаволите“, Рио Фердинанд.

Некогашниот капитен на Јунајтед одлучи да се соочи со реалноста и го соопшти своето мислење кое има една болна вистина, а тоа е дека Сити во овој момент е клуб кој може да му понуди на крилниот напаѓач да освојува титули, нешто што беше сосема спротивно пред неколку години.

– Го правев овој разговор со моите пријатели во текот на вчерашниот ден. Ако тој има опција да оди во Сити или во Јунајтед, тогаш како играч кој сака да освојува трофеи, тогаш ќе заврши во Сити. Реалноста вели дека Сити е апсолутен лидер во Премиер лигата и ќе го освојат ова натпреварување, а покрај тоа, тие и натаму се во Лигата на шампионите. Исто така, големи се шансите да бидат во финалето на Лига купот и ФА купот. Болната вистина е дека во Сити има многу повеќе шанси за титули. Покрај ова, тука е и Пеп. Ако Пеп го сака Алексис, тогаш тој ќе му се придружи. Ќе сака правилно да ја искористи втората шанса која ќе ја добие од него. Манчестер Сити во овој момент е далеку од сите тимови во Премиер лигата, гледајќи од секој аспект и од секој поглед, – потенцира Рио во обраќањето за „Би-Ти Спорт“.

Facebook Коментари