Поврзете се со нас

Свет

Болна ракометна драма во Унгарија: Манасков и Веспрем ја загубија титулата во последната секунда! (Видео)

Објавено

на

Веспрем втора година по ред остана без титлата во домашното првенство, но начинот на кој ја загуби оваа денеска е навистина болен и драматичен за Дејан Манасков и неговите соиграчи.

Македонскиот репрезентативец и неговите колеги имаа се на своја страна во последните 30 секунди од вториот финален натпревар во Унгарија, но наместо да се изборат за мирен и долг напад, тие ја подарија топката со прекршок и беа жестоко казнети.

Веспрем победи на првиот меч во Сегедин со 28:29, а денеска при резултат 29:29 на половина минута пред крајот ја имаше топката во свој посед и на крајот претрпе огромен шок.

Домашните ракометари направија фаул во напад и му дадоа заврши 15 секунди на Пик Сегед за напад за победа, а по додавањето на Бомбач, Рошта остана осамен и погоди за огромна победа.

На крајот Пик Сегед победи поради повеќе постигнати голови на гостински терен, па така втора година по ред го остави Веспрем само со улогата на вицешампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни