Англија
Боли е незадоволен од мнозинскиот сопственик на Челси, бил и против отказот за Покетино
Тод Боли не е задоволен од актуелното менаџирање на Челси и останува заинтересиран да стигне до управување со мнозинскиот пакет акции во англискиот клуб.
Американскиот бизнисмен поседува само 12,8 проценти од акциите на клубот и не е задоволен од одлуките кои ги носи мнозинскиот сопственик, фондот „Клирлејк Капитал“, а не се согласувал и со одлуката да биде отпуштен Маурисио Покетино.
Двајцата претставници на компанијата го надгласале Боли за многу одлуки, а тој е лут и поради фактот што клубот не работи на планираното реновирање на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Други инвеститори веќе му понудиле на Боли да му помогнат да ги откупи акциите од „Клирлејк Капитал“ и да продолжи да го менаџира клубот, но засега другата страна не покажува интерес да се ослободи од сопственоста на лондонскиот состав.
„Клирлејк Капитал“ има 61,6 проценти од акциите, додека по 12,8% имаат Боли, Хансјорг Вис и Марк Волтер, при што последните двајца засега не заземале страна во тивката војна во конзорциумот.
Во 2022 година актуелните сопственици на акциите платија 2,5 милијарди фунти за Челси.
-
АТП14 часа
Тони Надал: Ѓоковиќ е најдобар во историјата, Федерер играше најдобар тенис, а Рафа…..
-
Лига на нации24 часа
Халанд ја полнеше мрежата на Словенија и постави нов норвешки рекорд
-
Италија9 часа
Канаваро потсети на каков бизарен начин дознал дека ќе ја освои „Златната топка“
-
Свет13 часа
Аргентина ремизираше, Меси се пожали за „базенот“ на кој се играше: Не можеа да се врзат две додавања (Видео)
-
Свет11 часа
Халанд постави рекорд, па во свој стил ги шокирал соиграчите: Дознавме за убавата вест преку Инстаграм (Фото)
-
Англија4 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Лига на нации13 часа
Голманот на Црвена Звезда направи почетнички кикс, Камавинга се смееше при прославата на голот (Видео)
-
Шпанија11 часа
Шустер за лошата игра на Реал: Проблемот не е само во Мбапе