Светски првенства
Болен пораз за Вујовиќ: Холандија го „скрши“ Катар со последниот шут на натпреварот (Видео)

Холандија влезе како апсолутен фаворит во дуелот со Катар и се очекуваше да има полесна задача против катарските ракометари, но наместо тоа, тимот предводен од Лук Стејнс се мачеше за двата планирани бода и успеа да ги освои после огромна драма.
Ѕвездата на ПСЖ повторно беше лидер во една тесна и тензична победа на „лалињата“ и заслужено беше избран за МВП, но сепак јунак на мечот за Холанѓаните беше Верстејнен кој погоди со звукот на сирената.
Сосема очекувано, Вујовиќ беше лут и бесен на своите ракометари кои дозволија да се растури блокот, па така Холандија во инфаркт завршница дојде до победа од 38:37.
Катарците дефинитивно има за што да жалат бидејќи беа во доминантна улога во речиси две третини од натпреварот, избраниците на Вујо водеа и на полувреме (19:17), но предноста почнаа да ја губат на 15 минути пред крајот. Во френетичната завршница во која се играше и на нерви, Катар успеа да се врати од минус два за да израмни на 37:37, но немаше доволно среќа и на крајот прими гол.
Бајенс со девет погодоци беше најефикасен ракометар на натпреварот, Тен Велде постигна седум пати, а исто толку голови запиша и МВП играчот Стејнс. Во поразениот табор, единаесет голови за Катар постигна Марзо, а осум голови реализираше Марковиќ.
Катар е следен противник на Македонија на Светското првенство, а натпреврот се игра задутре, четврток во 15:30 часот.
4 main round games and 2 buzzer beaters so far today!
This time Nils Versteijnen secures the win for the Netherlands! pic.twitter.com/ZzkkrLiAxV
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 21, 2025
-
Лига на шампиони17 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Шпанија24 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Лига на шампиони16 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Франција23 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА23 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија17 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони13 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)