Поврзете се со нас

Боречки спортови

Боксот и ММА борбите се враќаат на програмата во Лас Вегас

Објавено

на

Американската сојузна држава Невада го најави враќањето на боксерските дуели и ММА настаните во Лас Вегас од претстојниот викенд, откако одговорните ја повлекоа забраната за организирање вакви настани.

Единствениот проблем за организаторите останува забраната за присуство на публика, но тоа е важна мерка во периодот кога и во САД се потенцираат одредени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Уште во сабота ќе се одржи УФЦ дуел во велтер категорија меѓу Тајрон Вудли и Џилберт Брнс, а првиот боксерски професионален меч е закажан за 9 јуни.

Боречките спортови беа забранети во Невада од 14 март, а сите борби кои ќе се одржуваат ќе следат одреден протокол за да се заштитат учесниците.

Во меѓувреме, последниот голем УФЦ настан беше одржан во Џексонвил, Флорида, каде локалните власти дозволија одржување на борбите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни