Англија
„Боксинг деј“ кошмар за Јунајтед: Бруно направи глупост, Онана прими гол од корнер (Видео)
Рубен Аморим придодаде уште еден пораз во својата кратка кариера како менаџер на Манчестер Јунајтед, откако неговиот тим повторно делуваше загубено на „Молину“, пред да следи голема глупост од играчот кој треба да биде лидер на теренот.
Бруно Фернандеш го заработи третиот црвен картон оваа сезона и режираше голема глупост во ситуација кога имаше жолт картон, па поради груп старт заработи исклучување уште на самиот старт на вториот дел.
Ова дефинитивно му даде еден целосен друг на мечот кој и онака не течеше добро за „ѓаволите“, но со играч повеќе на теренот, Вулверхемптон дополнително се осоколи да го напаѓач голот на Онана.
Во такви услови, „волците“ дочекаа и еден неверојатен гол на Куња кој погоди директно од корнер за водство од 1:0, па иако Онана се бунеше, судиите проценија дека нема ништо нерегуларно во дадената ситуација.
Погодокот во 58-та минута го натера Аморим да направи пет измени и да направи се што е во негова моќ за да дојде барем до реми, но наместо тоа, домаќините дочекаа контра во 99-та минута и со голот на Хванг ги поставија конечните 2:0.
Со втората победа во низа, Вулверхемптон избега од опасната зона на табелата, додека Јунајтед сега е на катастрофалното 14-то место со само 22 освоени бода.
Головите погледнете ги ТУКА
-
АТП14 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија23 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија21 час
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија24 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП22 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
АТП18 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
АТП20 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)