Поврзете се со нас

Англија

„Боксинг деј“ историја: Муниз го „заледи“ Челси на „Стемфорд Бриџ“ во 95. минута (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FulhamFC

Кол Палмер со минијатура му донесе предност на Челси во дербито на Западен Лондон против Фулам, но иако се чинеше дека тоа ќе биде доволно за нов позитивен резултат против градскиот ривал, последните десет минути ни донесоа промена на историјата на „Стемфорд Бриџ“.

Двата гола на гостите предводени од менаџерот Марко Силва направи Фулам да го утне митот за тврдината на „Стемфорд Бриџ“, односно овој тим за првпат победи на гостувањето кај Челси во домашната елита од далечната 1979-та година.

Потребни беа 45 години за да се дочека првата победа на Фулам на гостување кај Челси во англиската елита, а тоа се случи на „Боксин деј“ колото кое се игра денеска.

Хари Вилсон израмни на 1:1 во 82-та минута и најави возбудлив крај на дербито, па откако Џејдон Санчо не искористи голема шанса за нова водство на Челси, следеше студен туш на спротивната страна.

Една грешка на Енцо Фернандез резултираше со контра на Фулам во 95-та минута, а најсмирен во шеснаесетникот беше Бразилецот Муниз кој ги постави конечните 1:2.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни