Бојиќ најдобар стрелец, Медфорд најдобар асистент на колото во АБА2-лигата

bojic

Нашиот кошаркарски вицешампион, МЗТ Скопје Аеродром во Вршац ја запиша првата гостинска победа во АБА2 лигата, триумф кој донесе неколку признанија за нашиот претставник.

Имено центарот Андрија Бојиќ со 29 постигнати поени е најдобар стрелец во седмата рунда во ова натпреварување, а пак празнанието за најдобар разигрувач заврши кај плејмејкерот Лестер Медфорд кој забележа 11 асистенции во победата од 95-88.

По седум рунди МЗТ  е на второто место во ова друштво и тоа зад перфектната Приморска. Во следното коло четата на Кочов во „Јане Сандаски“ го дочекува Динамик од Србија.

Facebook Коментари