Бојан Најденов потпиша за Академија Пандев

bojan najdenov

Тимот на Академија Пандев ги засили своите редови со 28-годишниот Бојан Најденов.

Тој во новата средина доаѓа како слободен играч, а претходно има настапувано за Хоризонт Турново, Работнички, Естегал, Смуха и Љачи. Претходно актуелниот освојувач на Купот на Македонија ги потврди трансферите на напаѓачот Ндуе Мујеци и стоперот Ангел Гранчов.

Составот од Струмица по првиот дел од шампионатот е на третата позиција на табелата, а добро „плови“ и во Купот каде игра во четвртфиналето против Шкупи.

Facebook Коментари