Поврзете се со нас

Германија

Бохум направи чудо и опстана во Бундеслигата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/VfLBochum1848eV

Бохум се посрамоти на првиот натпревар на домашен терен и изгледаше дека е сигурен патник во Втора лига, но фудбалот уште еднаш ни покажа дека може да биде многу непредвидлива игра.

Реванш баражот за место во германската елита донесе неверојатен натпревар во Дизделдорф, каде Фортуна го стартуваше мечот со предност од 3:0, но истата се покажа како недоволна за влез во Бундеслигата.

Фортуна победи на првиот меч на гости со 0:3 и се чинеше дека вечерва само треба да ја доработи задачата, но наместо тоа, видовме чудо на Бохум кој одговори со ист резултат, носејќи го мечот во продолженија, а потоа и на пенали.

Хофман беше херој во регуларниот дел со два гола во мрежата на домашниот тим, додека бараж финалето во продолженија го одведе Штогер со гол од пенал во 70-та минута.

Резултатот не се менуваше до крајот и со овој резутлат се отиде во продолженија, а претпазливата игра на двете страни го однесе мечот во пенал рулет.

Таму повеќе нерви имаа гостите, па така Бохум уште една сезона ќе го гледаме во германската фудбалска елита.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни