Поврзете се со нас

Свет

Богдановиќ за најважната лекција која ја добил од Обрадовиќ: Кошарката е едноставна…

Објавено

на

Српскиот репрезентативец, Богдан Богдановиќ веќе неколку години е во НБА лигата, но пред да замине во најсилното кошаркарско натпреварување тој настапува во Фенербахче каде тренер му беше Жељко Обрадовиќ.

Обрадовиќ е име кое многу тежи во европската кошарка, стручњак кој едновставно е синоним за големи успеси, но во исто време и човек кој знае да го извади најдоброто од своите играчи, да ги подучи за важни лекции, а токму за тоа говореше сегашниот член на Атланта Хокс.

-Со Душко Вујошевиќ, повеќе работев на мојата игра. Тој ме учеше на повеќе индивидуални работи. Жељко е човек кој сака да победува. За него не е важно кој си. Не е важно колку години имап, колку си млад. Ако можеш да играш, играш. Можете да му помогнете на тимот да победува? Вие играте. Вие не можете да се скриете. Тој очекува играчите да ја добијат играта. Тој не се грижи за договорите, колку години имате, колку сте млади. Тој ве става во игра за да го добиете натпреварот.

-Научив многу работи од него. Особено за натпреварите, како да ја прочитате играта, како да ја гледате играта поинаку. Нема да кажам дека бев себичен со Партизан, но … едноставно тоа не го гледав. Не гледав дека има друга опција. Кога работите на вашата игра, си мислите: „Ако дадем кош, не сум добар.“ Со Жељко го научив тој различен дел – довербата меѓу играчите. Тоа ја прави кошарката едноставна, едноставна за вас. Ти и јас заедно. Тој ме научи на тоа.

-Кој и да сакаше да игра на свој начин, не играше. Кога јас тоа го правав, веднаш ми укажуваше на тоа. Не само на мене, на сите. Тоа е она што ми се допадна кај него. На почетокот не ми се допаѓаше, се разбира. Никој не го сака тоа на почетокот. Но, тогаш се чувствувате добро, сите се чувствуваат добро. Гледате за што се работи, -истакна Богдановиќ кој игра одлично за Атланта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни