Поврзете се со нас

НБА

Богдановиќ со нестварна партија за историја му пресуди на Денвер, Портланд го турна шампионот кон плеј-ин фазата (ВИДЕО)

Објавено

на

Хрватскиот репрезентативец, Бојан Богдановиќ е човек на вечерта во НБА лигата и тоа благодарение на нестварната партија против Денвер Нагетс, партија која беше заокружена со триумф на неговата Јута Џез со 127-120.

Богдановиќ во последно време игра во одлична форма, но против Денвер го одигра најдобриот меч во НБА кариерата со постигнати 48 поени што е најголем број на постигнати кошеви за Џез по легендарниот Карл Мелоун од април 1998 година (56 против Вашингтон).

Бојан е прв играч во историјата на Јута кој реализирал +45 поени и имал 8 тројки на натпревар. Добро поддршка имаше од Кларксон со 21 кош, додека пак листата на стрелци кај поразените ја предводеше Портер Џуниор со 31 поен.

ЛА Лејкерс ја загуби дирекната битка со Портланд Трејл Блејзерс (106-101) со што падна на седмото место на Западот што значи дека во моментов ќе мора да игра плеј-ин за да обезбеди место во плејофот.

Двоецот Лилард-МекКалум искомбинира 59 кошеви за Блејзерс кои во последниве седум мечеви имаат шест победи. Најсветла точка кај „езерџиите“ беше Дејвис со дабл-дабл учинок од 36 поени и 12 скокови.

Резултати:
Филаделфија – Њу Орлеанс 109:107
Чикаго – Бостон 121:99
Шарлот – Орландо 122:112
Мајами – Минесота 121:112
Милвоки – Хјустон 141:133
Далас – Кливленд 110:90
Јута – Денвер 127:120
Феникс – Њујорк 128:105
Портланд – ЛА Лејкерс 106:101
Сакраменто – Сан Антонио 104:113

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни