Шах
Богдановиќ одговори на прашањата на „Дерби“, им изрази доверба на селекторите
Претседателот на шаховската федерација на Македонија беше повикан во реакцциите на многумина шахисти преку мрежите за социјализирање, бидејќи искусните играчи реагираа дека не биле ниту понудени да ги бранат боите на својата земја, кои беа пренесени во текстот објавен на „Дерби“.
На постот објавен од ВМ Алксандар Чоловиќ кој има преку 23.000 прегледи на „Х“, коментираше и поранешната светска првенка Сузан Полгар.
Богдановиќ одбра еден ден да молчи на поканата на „Дерби“ за интервју или изјава, за следниот ден прво да пише дека ниту ги има видено коментарите, ниту е надлежен, за потоа да ни испрати одговори на поставените прашања.
ДЕРБИ: Дали постојат критериуми за изборување место во репрезентацијата, и ако “да”, каде се објавени?
– УО на ШФМ има избрано селектори и на машката и на женската селекција. Тоа се докажани професионалци кои си ја знаат својата работа и кои својот избор го базираат на стручни и издржани критериуми. За времето и местото каде тие ќе ги објават, одлучуваат селекторите кои имаат докажан авторитет во нашата земја. Она што јас можам да кажам дека основните принципи и насоки по кои нашата Федерација ја базира својата политика се: перспективност, способност, квалитет и моментална спремност – активност и одговорност.
ДЕРБИ: Зошто не е повикана актуелната државна шампионка и единствена со титула Женски Интернационален Мајстор, Габриела Коскоска?
– На ова прашање најдобро ќе одговори селекторот Љубиша Андоновски. Претпоставувам дека едноставно не се вклопила во неговиот концепт и критериуми, а од друга страна и избраните репрезентативки прикажаа во изминатиов период завидна форма, така да по прв пат после подолго време имаме добра конкуренција за место во репрезентацијата. Можете да забележите дека 5 репрезентативки доаѓаат дури од три клуба што порано не беше случај.
ДЕРБИ: Зошто не се понудени посилните играчи, согласно изјавата на Велемајсторот Чоловиќ?
– Не можам да коментирам туѓи изјави, но она што со сигурност можам да потврдам дека е разговарано со сите активни Велемајстори кои редовно настапуваат по турнири. Повеќето од нив ги одбија понудените услови или едноставно не беа во можност во тој период да настапат. Верувам дека селекторот Атанас Кизов, успеа да ги одбере најспремните и најсилните активни играчи што во овој момент ги има Македонија на располагање.
ДЕРБИ: Дали составите согласно цитираниот член 36 од Статутот се поминати на УО?
– Сметам дека малку се манипулира со јавноста со толкувањето на овој член. Членот 36 од Статутот се наоѓа во поглавјето VII – Права и должности на натпреварувачите и ги уредува пред се тие права. Овој член го уредува правото на секој играч да може да биде репрезентативец, како и должноста на секој репрезентативец да ја претставува својата земја во најдобро можно светло. Од друга страна овде е наведено правото на УО да одлучува за тоа, но не во секоја ситуација, затоа што УО за таа цел избира Селектор чија должност е избирањето на селекцијата. Морам да нагласам дека должностите и обврските на УО се регулирани во Статутот во поглавјето V.2 од Статутот на ШФМ и тоа во членовите од 22 до 27, каде ваква должност не е наведена. Доколку сте Вие во право, авторот на Статутот ( Собранието на ШФМ) ќе ја дефинирала оваа обврска токму во овие членови. Сите заинтересирани можат и самите да се уверат во истото. Статутот на ШФМ е објавен на веб страната на ШФМ.
ДЕРБИ: Дали е вистина дека немате шеф на делегацијата?
– До овој момент не е дефинирано такво лице од проста причина што тоа значајно ги зголемува трошоците на ШФМ, затоа што целиот престој на тоа лице од пансиони до патни трошоци ќе треба да ги сноси ШФМ. УО на ШФМ назначи администратор на делегацијата од своите редови кој ги координира сите потребни работи. Така да во овој момент е пријавена целата делегација, обезбедени се авионски карти и дефинирани се хотелите. УО на ШФМ во претстојниот период ќе одлучи дали и кого би го назначиле на оваа функција, секако доколку се јави потреба и се обезбедат можности за истото.
Бидејќи одговорите ни беа доставени писмено, немаше можност да допрецизираме некои прашања и да дознаеме поцелосни одговори.
Искрено се надевам дека претседателот Богдановиќ ќе најде повеќе време за интервју на овие теми кои ја кренаа на нозе шаховската јавност во Македонија.
Александар Табаковски
-
Лига на нациипред 21 час
Ван Дајк го изигнорира националниот колега од Јунајтед, видеото стана вирално
-
Лига на нациипред 20 часа
Мајсторија на напаѓачот: Словенечкиот коментатор „полуде“ по слаломот на Шешко (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Родриго призна дека знае да се налути: Повремено се чувствувам како да „пополнувам дупки“ во Реал
-
Англијапред 23 часа
Рангник се потсети на изјавата која ја даде за Јунајтед пред две години: Испадна дека бев во право!
-
Италијапред 20 часа
Мангупскиот гол на Фратези ги воодушеви фудбалските фанови во Италија (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Оби Микел откри зошто пропадна трансферот на Осимен во Челси: Двете страни направија компромис, но….
-
Лига на нациипред 22 часа
Димитриевски не одговори на прозивките од поранешните колеги: Најважно е што ќе направиме утре
-
Лига на нациипред 11 часа
Шок за Артета и фановите на Арсенал: Одегард заработи ужасна повреда и го напушти теренот со плачење (Видео)