Поврзете се со нас

НБА

Богдановиќ направи скандал на клупата, па после делеше комплименти за тренерот (Видео)

Објавено

на

Атланта успеа да победи на гостувањето кај Чикаго и го доби директниот дуел со плеј-ин ривал, а натпреварот беше одбележан и со несекојдневен испад на вообичаено смирениот Богдан Богдановиќ.

Капитенот на српската кошаркарска репрезентација избувна во финишот на мечот и тоа за време на еден тајм-аут, при што тресна шише од паркетот, а потоа се внесе во лицето на својот тренер Квин Снајдер.

Двајцата разменија неколку остри зборови пред да бидат оддалечени еден од друг, па иако остана нејасно што било толку проблематично во ситуација кога Хоукс веќе имаа обезбедено победа, по натпреварот Србинот се обидел да ја исправи ситуацијата делејќи комплименти за Снајдер.

– Квин е мој човек, имам целосна поддршка од него цела година.

– Имаме одредени расправии, тоа е нормално, жалам што тоа се случи на натпревар кој беше пренесуван на телевизија, па сега е топ тема. Но, во нашиот свет, ова е нормална работа, – изјавил Богдановиќ, кој го заврши дуелот со 20 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни