Поврзете се со нас

Балкан

Богдановиќ му возврати на Пикси: Нека се сети на Дојранско езеро, бевме неколку тренери и неколку љубовници…… (Видео)

Објавено

на

Раде Богдановиќ е поранешен српски фудбалер и човек кој повремено беше дел од југословенската репрезентација, но во последно време најпознат е по жестоките критики кои ги дели за Драган Стојковиќ.

Богдановиќ има лошо мислење за српскиот селектор и јавно го критикуваше за срамните изданија на тимот во квалификациите за Европското првенство, но изрази и чудење како може да добива месечна плата од 120 илјади евра.

Овие зборови на некогашниот професионалец кој играше во времето на Пикси не го оставија рамнодушен актуелниот селектор, кој доста кратко и дрско му одговори, правејќи се дека не знае кој е воопшто Богдановиќ.

– Раде Богдановиќ? Кој е тој?, – иронично им порача Пикси на српските новинари, а сега доби одговор.

– Бидејќи Пикси порача дека не ме познава, јас ќе му се претставам. Роден сум во Сараево, од татко Слободан и мајка Наде. Роден сум во општина Ново Сараево, со потекло од село Тилав. Поради тоа што кажа дека не ме познава, сега ќе му кажам како добро ме познава. Месец дена пред да си замине од Србија да гради интернационална кариера, дојде во Македонија, на Дојранско езеро да полага стручен тренерски испит, да добие лиценца за да работи во Јапонија.

– Полагаше по скратен и привилегиран пат, таква е процедурата на овие простори, а јас бев таму за да ја завршам тренерската струка. Ова го кажувам првпат, сега сигурен сум дека ќе се сети на мене. Србија е голема земја, но доволно мала за да не може да организира тренерска школа, па отидовме во Македонија. Ние бевме 6-7 српски тренери и 3-4 љубовници. Бевме доле на езерото, а тогаш прстигна Драган Стојковиќ во хотелот. Беше сместен на вториот кат, спроти мојата соба. Кога пристигна, отиде да се тушира, но никој не му кажа дека има попладневна рестрикција за топла вода.

– Пикси излезе со пешкир околу себе, главата му беше со шампон, со едното око не гледаше, па ме праша: Богдане, имате ли топла вода? Му реков дека нема топла вода до 6 попладне и дека мора да се истушира со ладна вода. Многу добро ме познава од таа случка, на крајот доби лиценца по скратена процедура, – открива Богдановиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни