Поврзете се со нас

Европски првенства

Богдановиќ: Даку е примитивец, УЕФА повторно потфрли!

Објавено

на

foto:x.com/MirrorFootball

Поранешниот репрезентативец на Југославија и сега аналитичар, Раде Богдановиќ даде коментар за одлуката на УЕФА која го санкционираше Мирлинд Даку за навредите кон Македонците и Србите.

Даку имаше „шоу“ по ремито на Албанија со Хрватска, потег со кој си направи проблем, потег поради кој заработи суспензија од два натпревари што значи нема да биде во комбинација против Шпанија и евентуално во осминафиналето ако западниот сосед успее да дојде до таа фаза.

Албанските медиуми ја објавија казната која УЕФА му ја изрекла на Даку

-Тоа е разбирливо, бидејќи тој е примитивец. Доаѓаш на ЕП да играш за репрезентација и на крајот се фаќаш за мегафонот за да го покажеш својот став или на некого да му додворуваш.

-Не е негов проблем затоа што е примитивец. Со примитивното се може вака или онака, но поентата е ставот на УЕФА. Блага казна, им праќате порака на навивачите да дојдат утре со мегафон или да фрлаат на терен. Можам да разберам дека некој му наредил да го направи тоа, не се сите академски луѓе. Ама ова е прв пат да видам сериозен примитивизам на европско натпреварување. УЕФА повторно потфрли, -истакна Богдановиќ за „РТС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни