Поврзете се со нас

НБА

Богдановиќ блескаше, Адетокумбо и Милвоки му ја расипаа рекордната ноќ во НБА (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ATLHawks

Богдан Богдановиќ и Јанис Адетокумбо испорачаа европска доминација на дуелот меѓу Атланта и Милвоки, а на крајот гостите беа тие кои и се радуваа на победата со резултат 113:122.

Капитенот на српската репрезентација го одигра својот најдобар НБА натпревар и истиот го заврши со личен рекорд од 38 поени и 10 скокови, но шоуто му го расипа грчкиот ривал од спротивната страна.

Адетокумбо возврати со 36 поени и 16 скокови, кои имаа поголемо влијание на конечниот епилог, а во отсуство на Лилард, најмногу му помогнаа Милдтон со 21 и Беверли со 18 поени.

Орландо беше сигурен на домашен терен против Мемфис (118:88) на натпревар на кој најдобриот реализатор имаше само 16 поени, а тоа беше гостинскиот играч Гудвин.

Бостон ја прекина серијата од два пораза по ред и славеше на гостувањето кај Њу Орлеанс (92:104), на дуел каде Тејтум беше најефикасен кај гостите со 23 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни