Боби Диксон го пропушта Евробаскетот?

bobi-dixon

Плејмејкерот на европскиот шампион Фенербахче и член на турската кошаркарска репрезентација, Боби Диксон е неизвесен за Европското првенство, кое започнува за четири денови.

Поради повреда, Боби Диксон или како што во Турција го нарекуваат Мухамед Али, би можел да отпадне од комбинација и значајно да ја ослаби репрезентацијата на Турција.

Селекторот на Турција најави дека до последен момент ќе чека разврска околу ситуацијата со плејмејкерот, па дури потоа ќе го објави списокот на играчи со кои ќе настапи на Евробаскетот.

Турција е домаќин на групата Д, каде се наоѓаат уште Србија, Велика Британија, Латвија, Русија и Белгија.

Facebook Коментари