Поврзете се со нас

Италија

Бобан воочи голем проблем во системот на Фонсека: Очигледно е зошто страда средниот ред

Објавено

на

Foto: www.acmilan.com

Звонимир Бобан во последно време има доста спротивставени ставови со се она што се случува во Милан, па откако имаше јавна конфронтација со Златан Ибрахимовиќ, легендарниот Хрват сега го „подбра“ и тренерот Пауло Фонсека.

Во натпревар во кој не брилјираше како што се очекува, Милан стигна до посакувата цел и ја победи Слован Братислава со 2:3, но според Бобан, овој меч бил само уште еден доказ за тоа што го заклучил уште пред некое време.

Звонимир смета дека овој тим на Милан е премногу ранлив во позиција кога се брани, а според него, причина за тоа е системот кој го применува португалскиот стручњак.

Офанзивниот фудбал кој го негува Фонсека најдобро е пресликан во играчите кои ги бираше и на вчерашниот натпревар, на кој „росонерите“ фактички започнаа со четири напаѓачи.

– Милан победи заслужено, тоа не го доведувам во прашање, но очигледно е дека на овој тим му треба подобар баланс. Премногу страдаат во поглед на одбрана и тоа станува очигледно. Четирите напаѓачи во стартната постава прават средниот ред да страда во голем дел од натпреварите, – потенцира Бобан кој повеќе од јасно смета дека Фонсека треба да замени еден играч од нападот со играч за врска.

Фонсека вчера во стартниот тим ги имаше Ејбрахам и Окафор во нападот, но блиску до двајцата центарфори беа и Саму Чукуезе и Кристијан Пулишич.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни