Поврзете се со нас

Свет

Бобан се повлече од УЕФА со жестоки критики за Чеферин: Не можам да го прифатам овој потег

Објавено

на

Foto: www.fifa.com

Хрватската фудбалска легенда, Звонимир Бобан, денеска со официјално соопштение го потврди повлекувањето од функцијата која ја извршуваше во УЕФА, каде му беше еден од најблиските соработници на претседателот Александер Чеферин.

Но, токму еден потег на Словенецот го разочарал Бобан, кој во соопштението јасно нагласува која е причината за оставката, за разлика од УЕФА која во својата вест само го потврди заминувањето на досегашниот фудбалски директор и му се заблагодари за досегашниот придонес.

Бобан вели дека е разочаран од идејата на Чеферин да протурка промена на статутот на УЕФА, само за да може да добие уште еден претседателски мандат, нешто што во моментов не е возможно поради ограничувањата предвидени со статутот, а за да се спречи долго владеење на ист претседател.

– Разговарав со претседателот на УЕФА за проблемот што се случи на последниот состанок на Извршниот комитет на УЕФА во Хамбург. Станува збор за предлог за измена на статутот на УЕФА за да му се овозможи на Александар Чеферин, на следниот Конгрес во Париз, да добие нова кандидатура по овој мандат, кој требаше да му биде последен.

– Откако ја изразив мојата најголема загриженост и моето целосно несогласување со методот и самиот предлог, претседателот ми одговори дека за него нема правен или морално-етички проблем – и дека без никакво сомневање ќе продолжи со оваа, според мене, катастрофална идеја.

– Парадоксално, Чеферин беше тој што предложи и започна пакет реформи во 2017 година кои требаше да ги заштитат УЕФА и европскиот фудбал од „лошиот менаџмент“ кој толку пати беше применуван од стариот, корумпиран и долго критикуван систем. Главните две точки на реформите беа дека ниту претседателот, ниту членовите на Извршниот комитет не можат да се кандидираат за функција повеќе од три пати (12 години), а воведена е старосна граница од 70 години за сите членови на Извршниот комитет.

– Тоа беше епохална работа за фудбалот, но и за него. Со овој чин, Чеферин ја заслужи почитта на целата фудбалска јавност, стана морален авторитет, а за многумина и водич за подобар и потранспарентен фудбал. Неговото отстапување од овие вредности и промените во главните реформи се тешко разбирливи, особено во ова деликатно фудбалско време.

– Многу добро разбирам дека ништо не е идеално, а најмалку јас. И добро знам дека многу пати мораме да ја прифатиме логиката на компромисот, но кога би прифатил таква тешка и погрешна одлука и би ја свртел главата, би одел против принципите и општите вредности во кои длабоко верувам. Не сакам да глумам херој и добро знам дека многумина размислуваат идентично – можеби наивно, но секако исправно. Во овие три години, односот и соработката со Александер и сите мои колеги во УЕФА беа одлични – им благодарам за тоа, им посакувам се најдобро, – вели Бобан во своето отворено писмо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни