Лига на шампиони
Бобан распали по Французинот: Тео заслужува ваква казна!

Тео Ернандес реагираше крајно наивно и неприфатливо за највисока сцена во Лигата на шампиони, па неговиот црвен картон до толку голема мера се одрази негативно, што на крајот Милан претрпе елиминација уште во првата нокаут рунда.
Феенорд максимално профитираше од исклучувањето на Тео кој беше исклучен поради симулирање од Марчињак, а иако неколку негови соиграчи застанаа во одбрана на левиот бек, легендарниот Звонимир Бобан без влакна на јазикот распали по дефанзивецот.
Хрватот го обвини Тео за елиминацијата на Милан и не може да верува дека ниту еден човек во клубот не се погрижил да го коригира неговиот однос, кој овојпат го чинеше тимот рана елиминација во најелитното натпреварување.
– Тео Ернандес ова го прави со години и заслужи ваква казна. Шокиран сум што никој во клубот не му кажува што треба да прави, но и што никој не го поправи неговото однесување на теренот. Вториот жолт картон кој го доби за симулација е апсурден. Тоа е непристоен и неспортски потег. Едноставно не правите такви работи на теренот.
– Од стартот на сезоната гледаме Тео кој нема ништо блиско со играчот кој сите го знаеме. Тој едноставно е некативен, изгледа како да не сака ниту да се обиде да направи нешто, – критикува Бобан.
-
Репрезентација17 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП20 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства7 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!