Балкан
Бобан на голема врата се враќа во хрватскиот фудбал (Фото)

Динамо има навистина турбулентна сезона и исклучително потпросечна за фудбалскиот великан од Загреб, а во тешките моменти, навистина мора да се носат и тешки одлуки.
Во текот на оваа недела, Динамо ја извести јавноста дека ја прекинува соработката со Фабио Канаваро кој не успеа да ги исполни очекувањата од почетокот на 2025-та година, но новата тренерска смена не е единствениот проблем кој ќе мора да го решава Динамо во летниот преоден рок.
Јасно е дека актуелниот тим на Динамо ќе претрпи посериозни промени, но новитети ќе има и на директорските позиции, на кои се враќа сега една жива легенда на клубот.
Звонимир Бобан во текот на нареднава недела ќе биде претставен како нов директор од страна на Управниот одбор, а допрва ќе се одлучува за тоа каква улога и каква функција ќе добие.
– Љубовта кон еден клуб не познава граници. Љубота кон еден клуб не познава препреки. Љубовта кон клубот ги спојува сите оние кои сакаат еден клуб. Денеска ја повикав нашата „сина“ легенда да се врати активно во хрватскиот фудбал, поточно во Динамо.
– Откако го демократизиравме нашиот клуб, Звонимир Бобан го прифати повикот да се врати во својот еден и единствен клуб, Динамо. Звоне, добредојде дома, – гласи изјавата на претседателот на Динамо, Велимир Зајец.
-
НБА9 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
Лига Европа23 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Балкан23 часа
Трагедија во Карловац: Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија10 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони