Бобан: Многу сум среќен што се вратив во Милан, се надевам…

boban

Хрватската фудбалска легенда, Звонимир Бобан мина 10 одлични години носејќи го дресот на Милан од 1991 до 2001 за да сега одново се врати во „црвено-црниот“  табор, но со сосема поинаква улога и тоа во раководната структура.

Тој си замина од ФИФА и сега заедно со Паоло Малдини и Иван Газидис ќе се обидат да го вратат Милан на старите победнички патеки.

-Многу сум среќен што се вратив во Милан, -рече Бобан кој кратко истакна што очекува од новиот Милан под водство на Марко Џампаоло.

-Се надевам ќе бидеме подобри од минатиот пат, -порача Хрватот.

Facebook Коментари