Поврзете се со нас

Италија

Бобан: Милан го продаде најдобриот италијански играч и заборави на фудбалските вредности

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Звонимир Бобан пред неколку дена јавно го критикуваше Златан Ибрахимовиќ и посочи дека не ја разбира неговата улога во клубот, за сега да биде уште покритички настроен кон тренерот Пауло Фонсека, но и кон трансфер политиката на „росонерите“.

Легендарниот Хрват при гостувањето во студиото на италијански „Скај“ не пропуштил да испрати низа „отровни стрели“ за лошата селекција на новиот тренер, но и за катастрофалната трансфер грешка која ја направил клубот пред една година.

– Рејндерс е поставен на позицијата „6“, а тој е „8ка“. Исто така, Лофтус Чик е „8-ка“, а не „10-ка“. Кога играте формација 4-3-3, тие двајца не можат да бидат заедно на теренот, тоа треба да биде јасно за тренерот, – вели Бобан.

Според Звонимир, Милан и оваа сезона ги чувствува последиците поради тоа што го продал најдобриот италијански играч за врска, репрезентативецот Сандро Тонали.

– Милан го продаде Тонали, најдобриот италијаски играч кој беше навистина приврзан за клубот. Тоа што си замина е голема штета, таквите работи секогаш носат последици и го гледаме тоа. Тој го одби Јувентус кој понуди 42 милиони евра и го избра Милан. Тоа се вредности кои Милан како клуб не требаше да ги заборави, – критикува Бобан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни