Поврзете се со нас

Свет

Бобан беше поврзуван со Динамо, но реши да прифати поинаков фудбалски предизвик

Објавено

на

https://twitter.com/UEFA

Хрватската фудбалска легенда, Звонимир Бобан, наскоро му се враќа на фудбалот и тоа со враќање на ангажманот кој го имаше пред да стане функционер во ФИФА, односно УЕФА.

Бобан им потврдил на медиумите во својата земја дека ќе се врати во улогата на стручен коментатор на „Скај Италија“, медиумот со кој успешно соработуваше и во минатото и каде гледачите ќе можат да ги следат неговите коментари за случувањата во Лигата на шампионите.

„Скај Италија“ денеска на официјална прес-конференција го најавила враќањето на Бобан кој во минатото оставил добар впечаток во улогата на стручен коментатор, а првата ваква улога ја имаше уште на ЕП во 2004 година.

Хрватот е ангажиран за првата сезона од ЛШ која ќе се игра со новиот формат и ќе донесе повеќе натпревари, а ќе се приклучи на екипата во која веќе се вклучени Фабио Капело, Алесандро Дел Пјеро, Естебан Камбијасо, Алесандро Костакурта и Паоло Ди Канио.

Медиумите шпекулираа дека Бобан може да прифати раководна улога во хрватскиот шампион Динамо, но барем засега неговата посветенот на фудбалот ќе оди во поинаква насока. Бобан долго време беше најблизок соработник на Александер Чеферин во УЕФА, но пред неколку месеци реши да се повлече од функцијата, истовремено испраќајќи многу критики на адреса на Словенецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни