Боатенг за најкритикуваниот играч на Барселона: Не може да му дадете толку пари на такво мало дете…

kevin-topka

Кевин Принс Боатенг имаше кошмарни пет месеци како член на Барселона, но очигледно ова беше доволно за да донесе еден јасен заклучок за најкритикуваниот играч во редовите на каталонскиот гигант.

Усман Дембеле одново се најде во центарот на вниманието и доби безброј критики по најновата повреда која ја заработи во првото коло, бидејќи наместо да се појави во тренинг центарот за да бидат одработени дополнителни прегледи, замина за Франција во Рен. Ваквиот непрофесионален однос не е прв испад на талентираниот крилен напаѓач, а Боатенг вели дека најголем проблем за Французинот е големата заработка.

– Има играчи кои сакаат да дојдат подоцна на тренингот за да се истканат. Но, тоа не е случај со Дембеле. Тој е како мало дете, заработува многу пари и се што прави, станува јавно. Мора да го насочи сето тоа во правилна насока. Ако не научи од сето ова, тогаш сам ќе биде виновен. За мене, тој е се уште е мало дете опоколено од една неверојатна група, се наоѓа во огромен базен. Чинеше 150 милиони евра и воопшто не знае како функционира сето тоа. Сепак, проблемот е нешто друго. Не зборувам само за Дембеле, едноставно не смее да им се даваат толку пари на млади играчи. Не може еден 18-годишник да добива четири милиони евра по сезона. Ако веќе сте се согласиле да му давате таква плата, подобро е да се исплати кога ќе биде повозрасен, – вели Боатенг во интервјуто за „Билд“.

 

Facebook Коментари