Поврзете се со нас

Свет

Боатенг им одговори на фановите кои го прозиваат поради Меси: Смејте се вие…(ВИДЕО)

Објавено

на

Фановите ширум светот, пред оние кои навиваат за Барселона и оваа година не го заборавија Џером Боатенг, односно го потсетија дека на денешен ден пред пет години Лионел Меси го „уби“ на „Камп Ноу“ со мајсторски дриблинг во полуфиналето на Лигата на шампионите, меч кој каталонците го добија против Баерн Минхен со 3-0 за да потоа и ја освојат титулата во Берлин.

-Престанете да ме тагнувате, знам дека денеска се одбележуваат пет години, -напиша Боатенг на Твитер за да потоа објави уште еден пост.

-Еве ви-да се насмеете во овие тешки времиња. Во меѓувреме јас ќе земам пуканки и ќе го гледам финалето на СП во 2014 година, -истакна стоперот алудирајќи на титулата која Германија ја освои токму против Меси и Аргентина со голот на Марио Геце.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни