Поврзете се со нас

Италија

Боатенг го потврди ангажманот во клуб од Серија Б

Објавено

на

Новиот италијански второлигаш Монца, не ги крие своите големи амбиции и најавите дека сака да влезе во италијанската елита веќе следната сезона.

Клубот чиј сопственик е Силвио Берлускони денеска претстави уште едно засилување, а овој пат се работи за Кевин-Принс Боатенг, фудбалер кој со Берлускони, односно со првиот оперативец Адријано Галијани соработуваше и во Милан.

Монца му понудила едногодишен договор на Боатенг со опција да биде продолжен, а тоа најмногу ќе зависи од остварените амбиции за пласман во Серија А.

Боатенг е единаесетто засилување за Монца во овој преоден рок, а на тренерската функција останува поранешниот фудбалер на Милан, Кристијан Броки.

Gepostet von AC Monza am Montag, 28. September 2020

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни