Поврзете се со нас

Германија

Боатенг: Ако се прашуваше само Тухел, сега ќе бев фудбалер на Баерн

Објавено

на

Foto:fcbayern.com/en

Џером Боатенг привремено тренираше со првиот тим на Баерн Минхен и беше блиску до враќање во својот поранешен клуб, но на крајот остана без посакуваниот договор и сега ќе настапува во Серија А.

Искусниот дефанзивец ќе се обиде да и помогне на Салернитана да обезбеди опстанок во најсилната италијанска лига, но во последното интервју зборувал и за пропаднатиот кам-бек во редовите на Баерн.

Во него индиректно потврдил дека раководството не ја прифатило сугестијата на тренерот Томас Тухел.

– Ако се прашуваше само Тухел, денеска ќе го носев дресот на Баерн.

– Тој беше виновникот за моето инволвирање на тренинзите на Баерн и ми овозможи да ја одржувам формата тренирајќи со неговите фудбалери за што сум му многу благодарен.

– Но, потоа дојде конечната одлука и објаснувањето дека екипата нема потреба од нови играчи. Барем така ми беше кажано, – истакнал Боатенг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни