Боасен Хаген најбрз на етапата, Фрум се поблиску до победа на Тур де Франс

boason-hagen

Норвешкиот велосипедист Едвалд Боасон Хаген ја оствари првата етапна победа на Тур де Франс, завршувајќи го на првото место денешниот натпревар меѓу Амбрен до Салон де Прованс во должина од 222,5 километри.

Хаген имаше најдобар финиш и зад себе ги остави Никиас Арндт од Германија и Јенс Којкелере од Холандија, но завршницата не донесе сериозни промени на врвот во генералниот пласман.

Британецот Крис Фрум останува на првото место со 23 секунди предност пред Ромен Барде и 29 секунди пред Ригоберто Уран. За конечниот епилог веројатно решавачка ќе биде утрешната претпоследна етапа.

Facebook Коментари