Блокотехна убедлива во Гостивар, Охрид до драматична победа против Пелистер

ohrid

Кошаркарите на Блокотехна ја продолжија успешната серија во македонското кошаркарско првенство, а денеска без проблеми го совладаа Гостивар со резултат 68:86.

Гостите ја обезбедија победата со одлична игра во вториот и третиот период, па на крајот рутински забележаа нови бодови и се зацврстија на второто место на табелата.

Ѓуроски и Мијатовиќ со по 16 поени го предводеа победничкиот тим, додека кај Гостивар Димчевски со 22 и Магдевски со 21 поен биле најдобри реализатори.

Многу понеизвесно беше на дуелот АВ Охрид-Пелистер, на кој домаќините славеа со 87:77, но дури по едно продолжение. Возбудливиот натпревар мораше да се реши со дополнителни пет минути, а во нив Охрид беше убедлив со 14:4. Јунаковиќ со 17 поени бил најпрецизен кај домаќините, додека кај Пелистер, Луис реализирал дури 32 поени.

Во првиот натпревар одигран денеска, Кожув славеше на гостувањето кај Карпош Соколи со 90:77.

Facebook Коментари