Блокотехна супериорна против Ибар

blokotehna

Тимот на Блокотехна запиша уште една победа, овој пат во БИБЛ лигата на гостувањето кај Ибар со 98-74.

Македонскиот претставник немаше никакви проблеми во Црна Гора, од четвртина во четвртина го градеше водството за конечни на крајот плус 24 и трето сезонско славје во ова натпреварување.

Казарновски со 24 поени беше најдобар стрелец, а пак Бенџамин „испука“ дабл-дабл учинок од 21 поен и 10 скокови. Во домашниот табор Јекниќ уфрли 19 кошеви.

Facebook Коментари