Блокотехна се враќа со победа од гостувањето во Пловдив

blokotehna-32832900

Македонскиот тим Блокотехна ја оствари и четвртата победа во кошаркарската БИБЛ лига, а денеска славеше на гостувањето кај Академик Бултекс во Пловдив со резултат 86:82.

Домаќините имаа предност на полувреме од осум поени, но Блокотехна одигра многу подобро во следните дваесет минути и се зацврсти на првото место на балканското натпреварување во кое токму Академик е на второто место.

Бенџамин со 31 и Мијатовиќ со 22 поени биле најефикасни во редовите на нашиот претставник, додека кај домаќините Секулов реализирал 22 поени.

Facebook Коментари