Блокотехна падна по продолжението во Самоков

mijatovic

Екипата на Блокотехна го загуби мечот за третото место од Рилски Спортист (92-79) на завршниот турнир во БИБЛ лиѓата што се одржува во Самоков.

Клубот од Гевгелија не успеа во регуларниот дел да дојде до победа иако завршниот период го започна со позитива од четири разлика (60-56), односно по 40 минути резултатот на семафорот гласеше 77-77. Дополнителните минути минаа комплетно во знакот на бугарскиот претставник кој со 15-2 го затвори овој дел и се избори за третата позиција.

Маринов со 25 и Тејлор со 18 беа први стрелци кај победникот, а кај Блокотехна се издвои центарот Мијатовиќ со 31 поен.

Facebook Коментари