Блокотехна и одржа лекција на Тирана и ја заврши 2017 година како најдобар тим во БИБЛ лигата

blokotehna-32832900

Блокотехна минатата недела му одржа лекција на Рилски Спортист и успеа да го преземе врвот на табелата во БИБЛ лигата, а сега го потврди ваквиот статус до крајот на 2017 година откако со иста мера го „поздрави“ и тимот на Тирана.

Македонскиот претставник игра навистина феноменално во својата прва сезона во БИБЛ лигата, па по убедливата победа над бугарскиот тим, денеска оствари висока победа и на гостувањето во Тирана каде домашниот тим беше во игра само 17 минути.

Блокотехна имаше проблеми да воспостави доминација само во овој дел од играта, а потоа го сврте мечот во своја корист и на крајот презаслужено славеше со 67:92. Во новата убедлива победа од 25 разлика, најефикасни беа Мијатовиќ со 20 и Младеновиќ со 16 поени, а четвртата победа во низа значеше дека Блокотехна ќе ја дочека 2018 година како најдобар тим во БИБЛ.

Facebook Коментари